Наместо четири, јавниот градски превоз во Кочани се намалува на две поаѓања во текот на денот – во утринскиот и во вечерниот термин, во 7:45 ч. и 15:45 ч.

Промената ќе трае до завршување на вонредната состојба во државата, по што превозникот има обврска во рок од 15 дена да го прилагоди превозот на четирите поаѓања, како и до сега.

Оваа промена е резултат на преземена построга мерка од Општина Кочани во организирање на јавниот превоз, согласно мерките и заклучоците на Владата и Министерството за здравство, со цел да се заштити здравјето на населението и да се спречи ширењето на коронавирусот.

Општина Кочани ги повикува граѓаните да се прилагодат кон актуелните мерки за борба против болеста КОВИД-19, да се однесуваат совесно и одговорно кон сопственото и кон јавното здравје.

Општина Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари