Педесет и пет лица од Кочани остануваат подложени на самоизолација, а нивниот број деновиве драстично ќе опаѓа.

Кризниот штаб и раководството на Општина Кочани будно ја следат состојбата и продолжуваат со анализа на мерките за намалување на ризикот од ширење на коронавирусот и размислуваат за евентуални натамошни нови мерки за спречување на болеста од светски размери.

Викендов Територијалната противпожарна единица изврши дезинфекциски третман уште на десет фабрички хали. Според информациите, досега се дезинфицирани најголемите производни комплекси во Кочани, а на дезинфекција во приватниот сектор ќе се работи и во текот на утрешниот ден.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев повика сите да се однесуваат одговорно и крајно сериозно, да ги почитуваат сите мерки од Владата, Министерството за здравство и Светската здравствена организација и да се грижат за своето и за јавното здравје.

Општина Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари