Со цел да се справат со кризата и да ја заштитат својата дејност како дел од стопанството деновиве формираната „Македонска цветна унија“ достави барање преку Владата на Република Северна Македонија до Министерството за економија, Министерството за финансии и Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство кое Ви го пренесуваме во целост.

Почитувани,

Ние, производители на цвеќе, цвеќари, евент агенции и увозници на цвеќе сме гранка од стопанството навидум невидлива и мала но многу важна за ширење на оптимизам и позитивна енергија меѓу луѓето.

Оваа дејност никаде не се спомнува како загрозена, а сепак станува збор за повеќе од 500 деловни субјекти низ цела држава, впишани во централен регистар како ДОО, ДООЕЛ, ТП, ЗАНАЕТЧИИ … Поради тоа формиравме МАКЕДОНСКА ЦВЕТНА УНИЈА и започнавме петиција под мото И  НИЕ  ПОСТОИМЕ !!!

Молиме да бидеме опфатени со економските мерки на Владата.

СЛУШНЕТЕ  ГО  И  НАШИОТ  ГЛАС!  И  НИЕ  ПОСТОИМЕ!

Ние сме со Вас во сите ваши убави моменти, во вашето секојдневие, во вашиот дом и градина. Научно е докажано дека цвеќето го подобрува расположението, го олеснува стресот и го зголемува психолошкото здравје и нивото на енергија.

Не дозволете да оваа убава и кревка гранка од стопанството да згасне.

Барање:

– покривање бруто плати за време на епидемијата

– покривање на придонеси за дополнителни три месеци

– дополнителни олеснувања за производителите на пролетен расад и режан цвет.

Благодариме за отстапеното време

По потреба ќе ги доставиме сите дополнителни информации.

МАКЕДОНСКА  ЦВЕТНА  УНИЈА

cvetnaunijamk@gmail.com

91814542_507431360146781_4274779446470246400_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари