ОВР Кочани до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против С.А.С.(23) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено по чл. 206 од Кривичниот законик.

Пријавената на 31.03.2020 година во 16.14 часот на својот Фејсбук профил објавила лажна вест дека е заразена со коронавирус и ги повикувала сите кои биле во контакт со неа да се тестираат заради утврдување за заболеност со COVID 19, иако таа не била тестирана заради утврдување за заболеност со COVID 19.

ИЗВОР: Дневни билтени на СВР Штип

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари