По веста дека почина лицето коешто беше евидентирано како прв случај во Кочани, заразен од коронавирусот, Градоначалникот на Општина Кочани на својот профил напиша:.

„Изразувам длабоко жалење и упатувам сочувство до семејството на починатиот. Жалам што болеста која го тресе светот однесе млад живот и остави болна празнина во нашата средина, ненадоместлива за најблиските. Повикувам да не се создава паника, туку смирено, свесно и дисциплинирано сите да се придржуваме кон пропишаните мерки, кои се суштински за спречување на заразата“.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари