На 06.04.2020 во 11.55 часот било пријавено дека на магистралниот пат Штип – Кочани, кај с.Чардаклија, А.Г.(38) од с.Жиганци, управувајќи работна машина „ОМ-фиат“, изгубил контрола над машината и се превртел.

Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари