Согласно новите мерки на Владата за забрана за движење после 16.00 часот во работен ден, и цели 24 часа во деновите од викендот, членовите на Кризниот штаб во Виница донесоа Одлука, земјоделците од градот Виница, секоја активност во времетраењето на полицискиот час да ја најават во Полициската Станица во Виница на тел: 070-325-839 или кај дежурните служби во станицата.

Со навремена најава, земјоделците од градот ќе можат своите тековни и неизбежни активности да ги реализираат и после 16.00 часот, како и во деновите од викендот.

Оваа одлука не важи за земјоделците од населените места кои можат слободно да се движат во атарот на селата, а согласно препораките и мерките од Владата на РСМ.

Општина Виница

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари