Дека живееме во време кога секој мисли дека е над законот не само на државата, туку и на природата покажуваат денешните фотографии кои се направени на земјената патека во правецот Бавчалук-Брана Гратче.

Ноќта во средата спрема четвртокот некој си нашол „убаво“ место каде да го исфрли шутот при тоа не мислејќи дека ја загрозува природата.

Вакви појави имаше, има и секогаш ќе има но се додека не проработи системот. Се додека некој не се удри длабоко по џебот ваквите однесувања на поединци ќе продолжат.

Дали ова е дело на некој од блиските семејни домови околу локацијата Бавчалук не може со сигурност да се каже, но сигурно некој од населението го видел оној што го направил ова злодело кон природата.

Време е на сите да ни проработи совеста.

С. Ивановски

52

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари