Градежната механизација деновиве ги интензивираше активностите за пробивање и тампонирање на селскиот земјен пат во м.в. Добрава во атарот на с.Пеклани

„Во тек е пробивање и тампонирање на пат во м.в. Добрава, неопходен за земјоделците за непречено извршување на земјоделските активности на жителите од с.Пеклани. Патот е во должина од 1.700 метри и води од селото па се до т.н. вишнарник во околината на Пеклани. Оваа инвестиција е во висина од 1.300.000,00 денари, средства од општинскиот Буџет и Платежната Агенција“

И покрај вонредната ситуација која го отежна одвивањето на сите тековни активности, па и на инфраструктурните зафати во општината, сепак дел од проектите кои имаат лимитиран рок за реализација тековно се привршуваат.

Општина Виница

DSC_4107

DSC_4113

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари