Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ќ.Д.(35), М.Р.(38) и Е.З.(23), сите од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”.

На 11.02.2020 околу 16.00 часот кај комплекс ,,АСНОМ“ во Кочани, оштетениот Н.Р.(53) од Кочани, со патничко возило ,,цитроен“ пристигнал да го земе неговиот малолетен син, кој претходно му испратил порака дека бил нападнат од пријавените, по што истите физички го нападнале и оштетениот.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари