Фотографиите приложени со текстот се направени во петокот во утринските часови на две различни локации во градот, во рекреативниот центар „Бавчалук“ и спроти зградата на Подрачната единица на Министерството за труд и социјална политика, значи педесетина метри јужно од зградата на Локалната самоуправа.

И на двете места смет, иако истиот го немало во средата.

Како што сме информирани оној во „Бавчалук“ е дело на групи млади луѓе кои се собираат во вечерните часови и за кои Законите во земјата во која што живеат се табу тема. Иако жителите на блиските семејни куќи се јавувале до надлежните да интервенираат, тие по старото правило, не интервенирале за да не се замерат или да не предизвикаат спротивен ефект, а каков е тој спротивен од не дај Боже проширување на зараза не е јасно.

Втората мала депонија на смет е создадено во вечерните часови на четвртокот спрема петокот, сторителот не се знае, но се претпоставува дека е дело на некој од оние кои секогаш се сметаат дека се поголеми од закон во земјата.

Но кој и да ги направил двете депонии за кои пак ќе има дофрлувања на сметка на вработените во КЈП „Водовод“ и не е толку важно колку што е важно што сите ние што живееме во овој град сме соучесници во создавањето на овие мали, но диви депонии.

Доколку навистина ни сметаат, а според она што ни се доставува како фотографии и текстови и навистина ни смета, треба да бидеме ние тие што ќе го спречат во иднина ова. Доволно е да го свртиме дежурниот бесплатен телефонски број 192 на Полициска станица – Кочани и нашата граѓанска обврска со тоа да си ја завршиме, е дури потоа треба да следиме дали надлежните ќе реагираат или не.

Да ја заштитиме природата, за да во иднина таа нас не заштитува.

С. Ивановски

82

83

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари