Грдата слика на двете диви депонии што во петокот се наоѓаа во рекреативниот центар „Бавчалук“ и во строгиот центар на градот благодарение на вработените од КЈП „Водовод“ веќе не постојат.
Денес сметот и на двете локации е исчистен но сепак останува прашањето до кога така ќе биде?
Сведоци сме на секојдневно никнување на диви депонии од оние на кои поважно им е да го исфрлат сметот од сопствените домови отколку каде истиот ќе го сместат.
Време е да почнеме да одбројуваме до кога овие локации ќе останат чисти.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.