Во пресрет на Велигденските празници Градоначалникот на Општина Виница Ивица Димитров на својот профил објави:

„Ако само пред неколку денови беа поделени 125 пакети со прехрамбени продукти и средства за лична хигиена еве денес нови 100 пакети поделуваме на социјално ранливи граѓани во општина Виница. Волонтерите од Кризниот штаб и волонтерите од Црвениот Крст во Виница беспрекорно работат во интерес на граѓаните на нашата општина. Се надевам дека во услови на справување со Коронавирусот овие намирници ќе дојдат на вистинско место и во вистински раце. Упатувам благодарност до сите волонтери што ја реализираат оваа акција како и голема благодарност за донираните прехрамбени продукти“.

82

8384

8885

8687

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари