Во пресрет на велигденските празници, Мобилниот сервис за здравствени и социјални услуги и ангажираните лица во проектот Општинско корисна работа со поддршка од бизнис-секторот од Кочани обезбедија пакети со храна кои се дистрибуираат на лица во социјален ризик од подрачјето на општина Кочани.

Координаторите на мобилните тимови за поддршка во услови на пандемијата од коронавирусот соопштуваат дека веќе се распределени пакети во селата Бели, Оризари, Грдовци, Горни и Долни Подлог, а со оваа акција се опфатени селата во високиот дел од Осоговието. Од името на семејствата од Кочани кои ги добија овие пакети, тимовите упатуваат најискрена благодарност до хуманите стопанственици.

Општинскиот кризен штаб од денешната седница упати повик до сите што се во можност да донираат храна, за да нема гладни за најголемиот христијански празник.

Оваа е уште една од неколкуте акции коишто се реализираат на подрачјето на општина Кочани на најранливите и исклучените групи, како едни од најпогодените во оваа здравствена криза. Пред една седмица пакети со храна и хиегиенски производи добија осумдесетина семејства во социјален ризик од Кочани.

Надлежните повикуваат да се почитуваат мерките за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот, со цел секој поединец да даде придонес за јавното здравје.

Општина  Кочани

642

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари