Дел од жителите на улицата „Шукри Шаин“ реагираат дека на нивната улица секојдневно се прават диви депонии и апелираат до надлежните од КЈП „Водовод“ – Кочани да појдат и да го соберат сметот како депонијата не почне да се зголемува.

Од надлежните во „Водовод“ добивме информација дека сметот на комплетната улица „Шукру Шаин“ е собран во вторникот, но при тоа потенцираат дека луѓето ја користат оваа состојба да си ги исчистат подрумите и да фрлаат на улицата се и сешто.

„Водовод“ нема да престане со работењето ниту за Велигденските празници, напротив ќе работат секој ден но потенцираат дека ќе го собираат само сметот од контејнерите и од кантите за отпадоци додека фрлената стара износена облека, дел од домашниот намештај, или премети од тврд материјал со голема форма нема да го собираат, туку дека населението ќе треба да изнајде начин самото да се организира и истиот да го носи на „Градската депонија“.

С. Ивановски

133

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари