„Осогово“ ја уплати котизацијата за есенскиот дел од првенството во Третата Фудбалска Лига – Исток и ги тргна шпекулациите кои деновиве сервирани од други фудбалски средини кружеа низ градот. Најнова вест е и дека на „Осогово“ му пристапи некогашниот играч на „Работнички“, „Вардар“, „Тетекс“ и други клубови од Македонија и Бугарија, Владимир Секуловски, а „жетварите“ истовремено ги обезбедија и документите на Ефтимчо Аксентиев кој доколку не најде ангажман во странство ќе се врати во матичниот клуб. Со двајцата нови играчи кочанчани ќе ја засилат одбранбената линија и ефикасноста во нападот. С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари