Регистрирани се 15 излекувани пациенти, 6 од болничко лекување и 9 кои се се лекуваа во домашни услови. Потврдени се нови 37 случаи на коронавирус во земјава: Скопје 8, Куманово 9, Прилеп 5, Тетово 3, Велес 3, Охрид 8, Кочани 1

Починаа двајца пациенти позитивни на КОВИД-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 66 години и во ГОБ „8 септември“ пациент од Штип на возраст од 83 години, и двајцата со претходни коморбидитети.

Во изминатото деноноќие направени се 314 теста, а вкупно досега 11870 тестирања на коронавирусот.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари