По повод најголемиот христијански празникот Велигден, Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев ги посети дежурните служби. По посетата на Општа Болница, Полициска станица и ТППЕ – Кочани, Илијев изјави:

„Велигден, најголемиот христијански празник е работен ден за одредени служби. Во вонредна состојба поради пандемија, тие позасилено од обично ги извршуваат своите работни задачи. Дел од нив ги посетивме за да им го честитаме празникот и да се информираме за текот на настаните на нашево подрачје.
Здравствените работници во Општа болница, службите од Одделението за внатрешни работи – Кочани и пожарникарите од ТППЕ, известуваат за нормален тек на активностите.
Имавме случајна средба и со граѓани кои имаат дозвола за движење во одреден период.
Заеднички повикуваме Велигден да го одбележиме достоинствено, почитувајќи ги мерките и препораките за заштита на личното и на јавното здравје.
Ви посакувам пријатни празници!
Христос воскресна – навистина воскресна! За многу години!“

102

103

104

105

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари