Компанијата Mozzart периодов имаше голема акција за донација на телевизори во повеќе установи низ државата, меѓу кои Здравствени установи, Домови за згрижување деца и Домови за нега на стари лица.

Во рамки на оваа кампања, телевизори наменети за нивните пациенти и корисници добија Општата болница во Дебар, Општата болница во Куманово, Општата болница во Гостивар, Домот за згрижување деца во Скопје, Детскиот дом „11-ти Октомври“, Домовите за стари лица: „Мајка Тереза“ од Скопје, „Зафир Сајто“ од Куманово и „Кире Крстески Платник“ од Прилеп.

Инаку, компанијата Моzzart досега донираше над 50.000 евра за борба против коронавирусот. Финансискиот пакет од 50.000 евра е наменет за болниците во Македонија, директно во подрачјата кои се најмногу погодени од коронавирусот, со цел што поефикасно згрижување на заболените пациенти. Помош добија здравствените установи во неколку градови. Финансиска помош доби и Македонскиот Полициски Синдикат за набавување заштитни средства.

Mozzart во изминативе неколку месеци има донирано над 210 телевизори. Покрај погоре наведените установи, телевизори од Мozzart добија и Институтот по белодробни заболувања кај децата – Козле, Државниот студентски дом во Скопје, Општата болница во Кочани, Општата болница во Охрид, Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје.

1114

Донираните телевизори се распределуваат по просториите, со цел да им се овозможи поудобен престој на корисниците и пациентите.

„Секоја донација дадена во финансиски средства или материјални добра е од голема вредност онаму каде што е потребна. Донацијата на телевизори е само една од низата хуманитарни акции кои ги спроведуваме периодов, а продолжуваме и понатаму со исто темпо. Со овие телевизори, се надеваме дека ќе помогнеме на корисниците и пациентите во овие установи да имаат поубав престој и да се чувствуваат повеќе како дома, со цел полесно да ги пребродат тешките моменти низ кои поминуваат во оваа ситуација.“ изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.

Од компанијата Mozzart истакнаа дека продолжуваат и понатаму со хуманитарните акции, кои се важен дел од нивното работење. Во овој тежок период потребно е сите дополнително да покажат колку е важна хуманоста, и токму затоа тие преку различни акции и кампањи ќе придонесуваат онаму каде што е најпотребно.

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари