072 243 782 е телефонски број за поддршка на жртвите на семејно односно родово базирано насилство за жителите од Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево. Можноста за помош и заштита на жртвите на семејно насилство ја воведе Министерството за труд и социјална политика, во координација со Центарот за жени жртви на семејно насилство и јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Кочани и со другите институции на локално ниво.

Според насоките на надлежните, жртвите на семејно насилство за да добијат помош, поддршка и заштита најпрвин треба да се јават на бесплатната мобилна СОС-линија, која обезбедува точна, навремена и доверлива информација за заштита на жртвите, достапните услуги и телефонско советување на жртвите на родово базирано и семејно насилство. Во случаи кога постои загрозување на животот и здравјето на граѓаните, како последица на семејно насилство, тоа треба да се пријави во најблиската Полициска станица или во надлежниот Центар за социјална работа, независно дали е полициски час.

На последната седница на Општинскиот кризен штаб поддршка за жртвите на семејно насилство беше иницирана и од општинските служби за еднакви можности на жените и мажите, кои ги лоцираа зголемените ризици за жртвите на семејно насилство во услови на подолга изолација.

Во периодот на спроведување на мерките и активностите за превенција од ширење на болеста КОВИД-19, на теренот во Кочани работат мобилните тимови за поддршка на стари, изнемоштени и хендикепирани лица. Мобилниот сервис за домашна посета учествува и во снабдување на пациентите со инсулинска терапија, услуга која се покажа како многу важна за граѓаните кои имаат проблеми при набавка на оваа терапија.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари