Попладнево околу 15:00 часот на Магистралниот пат М3 во непосредна близина на Хотел „Национал“ во Кочани се случи сообраќајна несреќа на две патнички моторни возила.

Според очевидци во несреќата учествувало ПМВ „BMW“ со странски регистарски таблички и ПМВ „Рено“ со кочански регистарски таблички.

ПМВ „Рено“ се движело по Магистралниот пат М3 од Кочани во правец на Облешево кога на него налетало ПМВ „BMW“ кое доаѓало од правец на „Индустриска зона“.

За среќа направена е само материјална штета на двете возила.

На местото на настанот излезени се службени лица од Полициска станица – Кочани а причините за несреќата дополнително ќе бидат соопштени.

С. Ивановски

96

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари