Денеска се регистрирани 29 излекувани пациенти. Од нив 4 пациенти од болничко лекување и 25 кои се лекуваа во домашни услови.

Во изминатите 24 часа потврден е 41 нов случај на Ковид-19. По градови: Скопје 17, Куманово 11, Прилеп 5, Тетово 3, Кавадарци 1, Гостивар 1, Крива Паланка 1, Кичево 1, Неготино 1.

Лицето евидентирано во подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1.300 лица.

Во изминатото деноноќие направени се 649 теста. Досега во земјата се направени вкупно 13649 тестирања на Ковид -19.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари