Градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево Горанчо Крстев од утре се враќа на работното место откако по петнаесет денови поминати во домашна изолација направи дополнителни два нови теста кои покажале дека е негативен.

Како што вели Крстев направените два теста во Институтот за јавно здравје покажале дека нема присуство на вирусот што е исто и со резултатите на неговата сопруга.

Инаку Крстев и неговата сопруга на почетокот на овој месец направиле две тестирања во приватни клиники кои покажале дека се позитивни па морале да бидат во домашна изолација во следните две седмици.

Сега откако се покажаа добри резултатите од тестовите Крстев се враќа на работните задачи.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари