Со цел да им ги направи позабавни деновите што ги минуваат во карантин или во домашна изолација, Кралот на трубата Кинг Наат Велиов од Кочани за своите сограѓани и пријатели ја засвири познатата „Хава Нагила“.

„Хава Нагила“ е доста популарна песна со израелско потекло а истата датира од сега веќе далечната 1918 година. Песната која во превод значи „Да се радуваме“ а е дело на Латвискиот музичар и етнолог Аврам Зеви Иделсон за мошне краток период по нејзината промоција стана химна за веселби а најповеќе за свадбарски забави што еве веќе традиционално се одржува повеќе од еден век.

Велиов не случајно ја избра токму неа, бидејќи навистина „Хава Нагила“ значи посебна радост на душата додека се слуша.

Конг Наат велиов сето тоа го интерпретира на еден посебен начин, во негов стил што и дава посебен шарм на песната а истата е посебен поздрав до сите оние кои седат дома и ги почитуваат препораките на Владата на Република Северна Македонија..

Слушајте и уживајте.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари