„Рани куче да те лае“ … Не за џабе имаат кажано старите.

Гледам овие 3 дена многу фраери што се тука во хотелот се главни по телевизиите со нивните изјави за состојбата и државниот карантин во Хотел „Молика“. И јас сум сместен моментално со истите тие фраерчиња у карантин ама од тоа што го слушам по телевизиите чудам се и се прашувам да нема уште еден Хотел „Молика“.

Од тоа што го изјавувате по ТВ дали сфаќате какви стресови им правите на луѓето кои имаат некој близок овде со тие ваши дезинформации. Некои од нив имаат деца овде, родители, сопруги, сопружници, баби дедовци, пријатели кои после вашите прилози на ТВ мислат дека овде е како во логор и непотребно ги ставате во паника, нервоза и тензија.

Сакам јавно да ги демантирам овие тврдења од поединци и да ви соопштам какви се условите во Хотел „Молика“.

1.Уште од првиот ден кога се сместивме парното работи.

2.Имаме 3 оброка на ден, кои се навистина обилни, дури и повеќе од што треба. Со секој ручек или вечера имаме плус овоштие или нешто благо како десерт.

3.Топла вода имаме 24 часа на ден.

4.Собите се супер, имаме на располагање средства за одржување на хигиена, а постелнината и крпите ни ги менуваат на пет дена.

5.Секој ден добиваме пресен леб… Има моменти кога лебот е малку намокрен но кога ти го донесат во кеса заедно со топлата храна нормално е поради кондензацијата и лебот да се навлажни.

Во врска со интернетот.

Да точно е, сигналот и брзината во некои соби е послаб но да не заборавиме дека 100 луѓе истовремено го користиме.

За случајот со расипаната павлака.

Да и тоа е точно. Вчера за ручек имавме макарони и павлака. Тие ни беа поделени по собите. Но исто така тоа што не го кажуваат на ТВ е тоа дека од хотелот после1-2 минути не известија дека отвориле неколку павлаки и тие биле расипани и да не ги отвораме и јадеме. Рокот на павлаките не беше поминат туку беше до 06.2020. Павлаката сигурно се расипала при транспортот и нормално е дека тие не се виновни бидејќи на нас ни ја дават павлаката пакувана.

Како извинување за павлаката од хотелот ни дадоа десерт и овоштие.

За муабетот со постот за Рамазан.

Хотелот за верниците што постат го смени и адаптира и служењето на храната. Тие место ручек добиваат јадење вечерта во 12 часот.

Не велам дека е совршено и дека нема проблеми, ама треба да бидеме луѓе, и да се разбираме едни со други во овие услови. И за нив е прв пат да работат во вакви услови.

Да, тешко е да се седи заклучен, но тоа не ни дава за право да шириме дезинформации.

Останете ми со здравје и чувајте се.

Бранко Јорданов од Кочани

Сместен моментно во државен карантин

во Хотел „Молика“

7677

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари