Синоќа околу 03:00 часот избувнал пожар на улицата „Маршал Тито“, на една од терасите на третиот кат во зградата кај што е сместена „Охридска Банка“.

Пожарот го забележал дежурниот полицаец што бил во тој реон и ја известил веднаш Противпожарната единица од Кочани. Интервенирано е со 3 возила и 4 пожарникара и за мошне кратко време пожарот бил ликвидиран.

Евакуирани се мајка и дете кои во тој момент се наоѓале во станот и истите се однесени на безбедно место каде подоцна биле проверени од медицински лица.

Од пожарот е оштетена комплетната тераса со инвентарот и тендата на неа како и на станот од подолниот кат и возилата кои биле пред зградата паркирани.

С. Ивановски

82

83

84

85

87

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари