Докторката од Кочани вработена во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност околу која се дигна голема прашина за наводното нејзино заболување од коронавирусот денес на својот профил објави една мошне пријатна вест која сигурно ги израдува I нејзините блиски од семејството, I колегите и сите оние кои со неа контактирале во последниот период.

Пред неполни два часа на својот ФБ профил таа објави:

„Почитувани сограѓани
Денес ја добив информацијата за моите два последователни НЕГАТИВНИ тестови за Ковид 19 (направени на 23.04 2020 и 24.04 2020) и од денес сум во групата на оздравени пациенти од Корона вирус.
За Ваша информација тестовите за Ковид 19 на сите мои колеги, на персоналот од интерно одделение, на мојата фамилија и на сите останати во врска со мојот случај се негативни.Тоа е доказ дека од почетокот на пандемијата максимално ги почитував препораките за заштита дадени од МЗ.
Ви благодарам на сите за подршката и на сите Вас што бевте со мене во овој период.
Ви пожеливам добро здравје.
Со почит др.Јакимова Верица“

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари