Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за Државни патиша Зоран Китанов денес извршија увид во изградбата на експресниот пат Штип-Кочани (фаза 1 од Штип-Крупиште) .

Китанов викендот информираше дека првиот дел од експресниот пат на потегот од Штип до Крупиште во должина од 14,3 километри е во завршна фаза. Најави дека ќе биде пуштен во јуни годинава.

Според Китанов, без застои се одвиваат и градежните работи на втората фаза од Крупиште до Кочани, во должина од 13,75 километри. Изградбата е започната минатата есен 2019 година, а краен рок е април 2021 година.

95143121_1695022054009499_5955350147385786368_o

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари