Утринава екипи од КЈП „Водовод“ го чистеа собраниот и расфрланиот смет кај туристичката локација „Водопад“ на браната „Гратче“.

За разлика од претходните наши посети овој пат голем број од сметот беше собран во кесите оставени од КЈП „Водовод“, но за жал иако имаше доволно кеси сепак имаше доста расфрлено смет наоколу.

Иако теренот е доста специфичен и до него не може да се стигне со никакво возило, сепак сиот смет беше собран а местото исчистено и оставено за следните излетници кои сигурно за време на мајските празници ќе ја посетат локацијата „Водопад“.

При заминување вработените од КЈП „Водовод“ упатија еден апел до сите оние кои ги користат излетничките места за прошетка и пикник а посебно локацијата „Водопад“, да ја чуваат природата со тоа што собраниот смет нема да го остават во кесите расфрлан низ локацијата, туку истиот ќе го понесат со себе и ќе го остават во најблискиот контејнер бидејќи навистина тешко се пристапува до местото со било какво возило за собирање смет.

Само така ќе си помогнеме сите и ќе ја сочуваме природата.

С. Ивановски

9293

9495

9697

9899

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари