Поради вонредната состојба предизвикана од ширењето на коронавирусот, која ги намали или запре дел од активностите на единицата на локалната самоуправа, Општина Кочани почнува со достава на решенијата за даноци и за фирмарина по електронска пошта.

„Вообичаено, за достава на овие решенија ангажиравме лица со договор на дело. Но, за да се намали ризикот од ширењето на КОВИД-19, во овој период најбезбедна е доставата по електронска пошта. Затоа ги повикуваме физичките и правните лица коишто се наши даночни обврзници и коишто имаат е-адреси, да контактираат со Општина Кочани за да им бидат испратени даночните решенија“ известуваат од Одделението за даноци, такси и надоместоци од Општина Кочани.

Даночните обврзници можат да контактираат со општинските служби преку е-адресите:

danoci2020@kocani.gov.mk и

телефонски со службениците од Одделението за даноци:

Суад Мехмед – 072 275 638;

Иван Андов – 072 275 642;

Марија Илиева – 072 306 068 и

Блашка Серафимова – 072 306 067,

секој работен ден од 7:30 до 15:30 ч.

За наплата на општинските даноци во 2020 година, Општина Кочани треба да достави 12.627 решенија за данок на имот на физички и правни субјекти и 1.742 решенија за комунална такса односно фирмарина.

PIC_2967

PIC_2965

PIC_2998

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари