Од денеска имаме вкупно повеќе излечени пациенти од коронавирус, отколку активни случаи.

Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти во:

Скопје 13, Куманово 74, Штип 1, Прилеп 18, Битола 1, Охрид 1, Крива Паланка 1, Пробиштип 1 и Демир Хисар 1.

Во изминатите 24 часа направени се 386 тестирања, а потврдени се 23 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје 5,  Куманово 5,  Прилеп 3, Тетово 6, Велес 2 Неготино 2.

Двете лица заведени во ПЕ Неготино, се жители на Демир Капија.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 62 години, а во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Гостивар на 59 години.

Во денешниот извештај на Институтот се евидентирани и две починати лица од околината на Куманово, на возраст од 72 и 79 години, пациентка која се лекувала во домашни услови и пациентка која се лекувала на инфективното одделение во болницата во Куманово.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.465, бројката на оздравени пациенти е 738, на починати е 77, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 650.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари