Веќе подолг период на самиот почеток на улицата „Димитар Влахов“ висечките кабли се вистинска опасност и за минувачите и за учесниците во сообраќајот.

Засега никој не се произнесел дека е сопственик на каблите иако жителите од оваа улица во чија непосредна близина се истите се имаат обраќано до неколку компании.

Дали каблите се сопственост на ЕВН, на некои од мобилните оператори или пак на приватниот кабелски оператор никој не знае, но факт е дека тие претставуваат опасност.

Зачудува и податокот што досега никој од надлежните службеници од локалната самоуправа не го воочил или не сакал да го воочи проблемот за да се реагира од малку повисоко ниво.

Искрено се надеваме дека некој сепак ќе се охрабри и ќе ги отстрани висечките кабли кои претставуваат секојдневна опасност на една од главните улици во централното градско подрачје.

С. Ивановски

858486

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари