Денеска е регистриран 21 оздравен пациент во: Скопје 8,  Куманово 6, Штип 1, Прилеп 2, Тетово 1, Велес 1,  Кочани 1 и  Македонски Брод 1

Во изминатите 24 часа направени се 185 тестирања, а потврдени се 8 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје 3, Битола 1 и Велес 4.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на возраст од 59 години која 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина.

Согласно ова вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.526, бројката на оздравени пациенти е 1.013, на починати е 86, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 427.

Во изминатото деноноќие направени се вкупно 185 теста.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари