Како што објави Министерството за животна средина и просторно планирање, на денешната седница на Владата биле усвоени иницијативите за заштита на две подрачја во нашата држава: „Шар Планина“ и „Осоговските Планини“.

Владата одлучила да ги прифати предлозите на МЖСПП за прогласување на „Шар Планина“ за заштитено подрачје во категоријата национален парк и прогласување на „Осоговските Планини“ за заштитено подрачје во категоријата V – заштитен предел.

Согласно законската процедура за прогласување заштитени подрачја, во претстојниот период ќе бидат спроведени јавни расправи по предлозите со локалното население, како и сите засегнати страни, и по усогласувањето на мислењата и забелешките ќе бидат изготвени конечни предлози за прогласување на овие локации, соопштуваат од МЖСПП.

17

Photo-(3)

Photo-(17)

P3090430

Photo-(2)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари