Денес околу 10:00 часот во близина на Автобуската станица, поточно пред маркетот на „Кит Го“ се случи сообраќана несреќа кога на ПМВ во движење удрила приколка.

Според изворот што ни ги испрати фотографиите до несреќата дошло кога ПМВ „Голф“ се движело во правец на централното градско подрачје а додека во спротивен правец се движело возило со приколка., од кое во еден момент се откачила приколката го поминала тревникот и удрила во „Голфот“.

Според очевидците среќа во несреќа е што се поминало со материјална штета.

Се шпекулира дека возилото кое ја влечело приколката било без регистарски таблички што доколку се утврди дека е така е можеби и последна опомена до надлежните дека време е да ги исфрлуваат нерегистрираните возила од сообраќајот кои досега предизвикаа неколку сообраќајни незгоди.

Се врши увид и се утврдуваат причините за оваа сообраќајна несреќа

С. Ивановски

72

747375

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари