Членот на Советот на Општина Кочани, советникот Благој Ситновски денес донираше Дефибрилатор за реанимација на пациент за враќање на срцева акција, на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани.

Донацијата ја прими д-р Александар Серафимов – директор на Општа болница со проширена дејност – Кочани во друштво на д-р Томе Солевски – Специјалист по општа хирургија.

Серафимов искажа голема благодарност за донацијата од страна на Благој Ситновски која како што истакна рационално ќе биде искористена, посебно во ова време на невреме кога секој апарат е од големо значење за самата институција.

С. Ивановски

P4010028

P4010039

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари