Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев ја предаде на училиштата донацијата од таблет компјутери намената за ученици од социјално ранливи семејства.

„Очекувам таблетите да бидат искористени за вистинската цел – да им овозможат учење од далечина и на учениците кои досега немаа можност да се вклучат во овој вид настава“ истакна градоначалникот Илијев и повика на одговорно и совесно однесување кон средствата за учење.

Директорите истакнаа дека при изборот на учениците што ја примаат донацијата се воделе од препорачаните критериуми – учениците да бидат од семејства во социјален ризик, но и да имаат примерно поведение и покажан интерес за учење. Дел од нив истакнаа дека се погрижиле таблетите да бидат наменети и во повеќедетни семејства, односно семејство што има повеќе ученици.

Петнаесетте таблети ги донираше тетовската компанија „Еколог интернационал“ со цел да им помогне на учениците од ранливите категории да се вклучат во наставата од далечина што се реализира за време на вонредната состојба предизвикана од коронавирусот.

PIC_3284

PIC_3293

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари