Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти: Скопје 6, Куманово 2, Прилеп 1, Тетово 1, Македонски Брод 1, Пехчево 1, Виница 1.

Во изминатите 24 часа направени се 411 тестирања, а потврдени се 36 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје 7, Куманово 4, Прилеп 4, Тетово 12, Велес 6, Гостивар 1, Пехчево 1 и Берово 1.

Досега во земјата се направени вкупно 18821 тестирања на КОВИД-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 58 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката пред една недела со тешка форма на болеста, приклучен на механичка вентилација од 6 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1622, бројката на оздравени пациенти е 1112, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 419.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари