Да се заборави досегашната пракса дека безбедносните камери не се доказ бидејќи ако е така градот во кој живее се и сешто за кратко време ќе се претвори во една огромна депонија.

Штотуку добивме фотографии од ненормалното однесување на уште еден поединец кој имал единствена желба да живее во град и ништо повеќе.

Сликите се направени на левиот брег на „Кочанска река“ десетина метри подолу од мостот кај „Шопинг центарот“ каде се гледа фрлен смет кој вчера во доцните попладневни часови го немало.

Е сега дали ова е дело на некоја голема „домаќинка“ или на некој самобендисан дека никој ништо не му може ќе може да се провери преку безбедносните камери поставени на неколкуте трговски објекти секако доколку за тоа се има желба кај надлежните.

Денес е неработен ден па можеби веќе утре тоа и ќе се направи.

С. Ивановски

71

7574

73

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари