Без поставените канти за смет денес платото во Градскиот Трговски Центар во Кочани изгледаше и грозно и тажно.

Неколкуте стари канти за смет се преполни а ветерот сето останато го има разнесено по целото плато и во зелените тревници.

Точно е дека годинава со реновирањето жителите на Кочани добија еден прекрасен Трговски центар, но што фајда од сето тоа кога не се поставени доволно канти за смет па сега сликата изгледа повеќе тажно отколку добро.

На жителите на Кочани а посебно на посетителите на Трговскиот центар и во моменти кога комплетно не работи центарот не им е важно каде застанала работата, важна им е сликата на просторот каде сакаат да поминат дел од своето слободно време.

Цела среќа е што уште не проработиле кафулињата и пицериите и кога посетеноста не е голема во Трговскиот центар, доколку не се преземат некои мерки можеме само да претпоставиме на што се ќе заличе навистина убаво реновираниот центар.

Можеби  токму по оваа реакција и реакциите со фотографиите од жителите на Кочани поставени на социјалните мрежи ќе бидат иницијалната каписла за да се преземе нешто додека е време, во спротивно ќе излезе дека залудно се потрошија толку финансиски средства.

С. Ивановски

81

82

83

85

P4010063

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари