Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти: Скопје 11, Куманово 10, Тетово 1, Велес 2.

Во изминатите 24 часа направени се 275 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје 12, Куманово 1, Прилеп 3, Тетово 2, Битола 1, Гостивар 1.

Досега во земјата се направени вкупно 19096 тестирања на КОВИД-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1642, бројката на оздравени пациенти е 1136, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 415.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари