Епидемијата која го зафати светот и рестриктивните мерки за седење дома во одреден период на деноноќието очигледно дека различно влијаеја на луѓето. Некои лесно го поднесоа сето тоа но очигледно на некои кои секогаш сакаат да бидат центар на внимание тоа и те како тешко им падна.

Го читам денешниот коментар на Ана Симонова поставен на страната „Кочани протест за чист воздух“ и се чудам дали вакво нешто може да напише просветен работник, наставник или професор по македонски јазик.

По се изгледа дека на Ана која смета дека таа е центар на збиднувањата деновите поминати дома тешко и паѓаат. Бидејќи одамна не е спомната во никаков контекст а со желба да се саморекламира решила да се позанимава со два портали кои фигурираат во општината „комарец“ и „гласно“.

Меѓу другото пишува дека двата портали се занимаваат исклучиво за достигнувањата на општината, поставувањето фотографии од трговскиот центар или пишувањето за некаква сообраќајка а и поставување фотографии од општината за да се разбила монотнијата за да не здосадело. Еј замислете на Ана Симонова да не и здосадело како да е таа некаков фактор па мора да се внимава да не и здосади, а двајцата уредници на споменатите портали кои наводно биле членови на групата на која го поставила своето обраќање не сакале да пишуваат за активностите на групата.

Епа, Ана, види вака. Кога Орце Николов ја започна кампањата за чист воздух и почнавме да контактираме преку објави да го привлечеме вниманието на јавноста ти беше неколку чекори подалеку од сето тоа. Кога сфати дека можеш да бидеш во центарот на случувањата наеднаш се наметна и по секоја сила сакаше да станеш главен фактор во групата што очигледно е дека веќе ти успева. Почна да се јавуваш на протести, да инсистираш одење во кабинетот на градоначалникот за да те има нели на слика, да понижуваш се што не мисли како тебе. Околу тоа дека твојата страна преку која се претставуваш како главна фаца е трипати по читана од како што не нарекуваш обоените портали ќе сонуваш уште долго време дека е така. Бидејќи кога некои од овие уредници ги бркаа од работа поради необоеност, другите обоените ги примија, ќе се сложиш и ти се вработи во времето на претходниот градоначалник кој мене по 28 години стаж во една организација ме исфрли на улица, само за тоа што не сум трчал за него.

Во време на мерки повикуваш на собир на граѓани, на еко-акција на Брана „Гратче“. За тебе не знам дали важат препораките или ти како фаца која го вртиш светот се ти е дозволено. Јавно ги повикуваш луѓето на купување маици од по 150,00 денари а дека средствата ќе биле наменети за испитување на реките и раззеленетите паркови, ме интересира, преку сметка ли ќе ги продавате маиците или онака на црно за развој на сивата економија без документ и платен данок на државата. И на крајот ги повикуваш луѓето собраниот отпад да го стават во вреќи и  тие да ти го донесат на некаква адреса, не знам дали за продажба на оние што купуваат шишиња и пластика или таму да постои некој период па да се искористи за други цели.

Ана Симонова бидејќи во се сте „стручни“ треба еднаш да се решите која е дејноста на вашата група, дали сте еколошка, хуманитарна или здравствено-превентивна, бидејќи вака како што стојат работите само ти и уште неколкумина сé знаете додека останатите се само посматрачи на збиднувањата.

За да не ти правиме повеќе реклама и да не се фалиш дека еве за тебе почнале да пишуваат по порталите би ти дал еден совет како повозрасен човек.

Залудни ти се и шминките, и надаваните и лакирани нокти и цигарата во рака, кога никогаш нема да можеш ни да се приближиш  до реномето на онаа која те израсна, бидејќи таа за тебе е ДАМА и по однесувањето и по почитувањето.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари