Почитувани медиуми, почитувани сограѓани

Повеќе од очигледно е дека ОО на СДС во Кочани преку нивната кандидатка прават  најгруба  повреда на изборниот процес, и тоа на директна штета на демократијата.. Имено, ја искористуваат  општата социјална состојба и сиромаштијата, за да влијаат врз остварување на правото на глас и во Кочани нескриено и без срам делат поткуп.

 

Со КД “поткуп при избори и гласање” направено е инкриминирање и на активното поткупување кое се состои во нудење, давање или ветување подарок или друга лична корист на лице со избирачко право, со намера да се придобие да го врши, да не го врши или да го врши избирачкото право во определена смисла. 

Токму тоа што е опишано во К.Д. се случува пред очите на кочанската јавност, имено Директорката на ФЗО Кочани и кандидат за пратеник од СДС Марија Ангелова, деновиве дели брашно и зејтин на гласачи во Кочани.

 

Дополнително, прават списоци за гласање со тоа што ги лажат граѓаните од социјално ранливите групи и им ветуваат дека ќе добијат помош ако се запишат на нивните “списоци”. 

Доказ: Слика од екран screenshot со коментар на веста:

“Јас сум запишана веќе две недели и го чекам пакетот, уште не стигна…”

 

За бедата да биде поголема, ОО на СДС во текот на вчерашниот ден, започна и платена кампања на ФБ со сликите на кои директорката дели помош… Што значи СДС плаќаат пари, за граѓаните да ги видат сликите како се дели помош на сиромашните.

 

Додека цела држава и граѓаните се борат со пандемијата, тие успеаа борбата со пандемијата да ја претворат во партиска кампања и изговор за делење на изборен поткуп и за правење списоци.

 

Сега кога од СДС  гледаат дека им претстои дебакл, се обидуваат со очајни методи да го ублажат огромниот  поразот кој им престои овде во Кочани! Ама тука ви е веќе крајот!

 

Со почит,

Миле Лефков 

претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари