Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти. Скопје 8, Прилеп 2, Струга 2, Велес 2, Гостивар 1,  Кратово 1

Во изминатите 24 часа направени се 462 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје 9, Куманово 1, Прилеп 4, Тетово 6, Велес 1 и Охрид 1.

Досега во земјата се направени вкупно 21010 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 171 тест е направен во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ тестирани се 80 лица од Битола, а преку МАНУ тестирано е 91 лице од Скопје и сите се негативни.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (79г), хоспитализирана како сомнителна на ковид-19 на 13 мај, а потврдена позитивна на 15 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1762, бројката на оздравени пациенти е 1267, на починати е 98, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари