Еко акцијата на „GREEN“ од Кочани од спортко-рекреативниот центар „Бавчалук“ до водопадите на „Голема Река“ резултираше со мала посетеност, но благодарение на еден од основачте на здружението Орце Николов, истата добива преодна оцена од причина што се исчисти сметот на овој потег, а и езерото „Гратче“ беше збогатено со нови „станари“.

Околу десетина членови на здружението освен што собираа смет во водите на езерото „Гратче“ пуштија и петнаесетина птици (гуски и шатки) а поставија и две куќички за птици.

„Спроведовме акција за чистење на смет од местото Бавчулук до Водопади на Брана Градче. Беа исчистени повеќе клучни места на кои најчесто има посетители и беше собран смет расфрлан од несовесни граѓани. Апелираме до сите, по посетата и релаксацијата, истите да го собираат отпадот бидејќи повторно ќе, се вратат таму да уживаат но ќе го затечат нивниот отпад. Ние како Здружение се трудиме да ја подигнеме свеста на граѓаните во нашата Општина својот отпад да го фрлаат на соодветно место и да се однесуваат со почит кон природата. Исто така денес беа пуштени петнаесетина птици (шатки и гуски) во езерото на Брана Градче и истите веднаш дадоа живост и убавина на езерото. Сопственикот беше задоволен и истиот изрази задоволство од овој чин така птиците остануваат и на нивна одговорност. Беа закачени и две куќички за птици кои беа специјална изработка од наша сограѓанка Елена Цветанова. Се надеваме дека ова ќе биде еден позитивен пример за сите и ќе почнеме да ја негуваме и чуваме природата и ќе уживаме во нејзините благодети“ рече Орце Николов еден од основачите на здружението.

С. Ивановски

57

59

555358

60

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари