Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти: Скопје 1, Куманово 14, Прилеп 4, Тетово 3, Велес 4.

Во изминатите 24 часа направени се 426 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје 11, Куманово 2, Штип 1, Прилеп 3, Тетово 6, Велес 5, Битола 1, Охрид 1.

Досега во земјата се направени вкупно 21436 тестирања на ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 пациенти, пациент од Велес (58г) примен на 12 мај, пациент од Тетово (57г) лекуван на клиниката од 22 април и уште еден пациент од Тетово (78г) хоспитализиран на 11 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1792, бројката на оздравени пациенти е 1293, на починати е 101, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 398.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари