Битиќи:„Мерките дојдоја два дена после ребалансот. Затоа што ние во суштина се обидувавме да најдеме рамка во која што нема да влеземе а да кажеме е сега немаме пари сега ќе наоѓаме пари. Затоа ребалансот го почекавме и видовме колку е фискалниот капацитет.“

Битиќи:„ Ние ги викаме 730 илјади корисници во суштина директно се поддржуваат со сите мерки преку 400 000 директно граѓани кои што директно ќе го добијат бенефитот пример ќе добијат платежна картица преку 300 000 граѓани. Но тие секако што ги добиваат средствата на таа картичка ги користат заедно со нивните членови на семејството и затоа велиме дека тоа е многу повеќе.“

Битиќи:„Затоа викам дека не е дискриминирачка затоа што им ја даваме можноста на голем број а тоа се скоро 1 милион граѓани кои што се регистрирани во системот Е-ПДД.“

Битиќи:„Наместо да направиме една добра мерка во која што ќе треба системски да упаднеме а тоа е во системот на ДДВ и да им кажеме на сите компании е сега намалете ги цените за 18% или за 5% и да се прашуваме дали тие тоа ќе го направат ние велиме не, нека граѓаните ги купат продуктите на крај граѓанинот на крајот од денот ќе ги купи поевтино него што би ги купил претходно. Значи ние можноста им ја даваме, инструментот е сега софтверот но знам дека дузина на граѓани немаат апликација но одат и ги скенираат во пунктовите на УЈП.“

Битиќи:„Во суштина во економскиот совет со којшто ги проверивме мерките седат и високи членови на опозициската ВМРО ДПМНЕ значи членови на ЦК итн и никој буквално на тој економоски Совет не ги оспори овие мерки, ниту една од мерките не беше оспорено. Затоа велам нема политичка позадина. Ќе повторам корона кризата не е политички производ, корона кризата не затекна сите и ние треба да одговориме без разлика кој се граѓаните на другата страна.“

Битиќи:„Секоја една мерка вчера презентирана но и другите мерки се обидуваме доволно добро да ги објасниме, транспарентно да ги објасниме пред народот да им укажеме дека системот кој го креираме нема да овозможи да имаме сомневање дека средствата нема да стигнат таму кај што треба и тоа е круцијалната разлика зошто некогаш бев критичар затоа што имавме договори во 4 очи наспроти денеска кога целиот процес го правиме транспарентен.“

Битиќи:„Ние ослободивме на расходната страна одредени трошоци со намалување на неприоритетни трошоци кои што може да почекаат подобри времиња а тоа е 2021 но притоа реалоцирајќи ги овие средства на нови програми за справување со ковид , справувањето со ковид не е само економската туку и здравствената криза..“

„Има мерки во кои што ние таргетираме многу поголема бројка. На пример, само една од толку озборуваната мерка  „Викенд без ДДВ“, која што сите различно ја толкуваат е многу едноставна, а тоа е дека им даваме можност на сите граѓани во Северна Македонија,  тие милион граѓани кои што се регистрирани во системот Е-ПДД и кои што имаат можност да ја користат апликацијата МОЈ ДДВ. Деновите кога ќе се организира овој викенд без ДДВ да отидат,да купат тоа што секогаш го купуваат за да стимулираме  потрошувачка, но и да им помогнеме на најпогодените сектори и на крајот, на тие што се погодени, а тоа се граѓаните  да им кажеме дека им враќаме затоа што  заслужуваат.“ – ја објасни економската мерка, Фатмир Битиќи

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари