Проектната единица при Министерството за труд и социјална политика, главниот надзор „Геинг“ од Скопје и од Општина Кочани извршија увид на работите на новата детска градинка во населбата Драчевик во Кочани. Во контролната посета беше вклучен и претставник од консултантската компанија, кој го следи почитувањето на правилата за зачувување на животната средина од страна на изведувачот.

Констатиран е благ напредок во работите, подобрена е ситуацијата со оградувањето на градилиштето, а овој период се работи на насипување и валирање на тлото на објектот меѓу основите. Изведувачот треба да продолжи со работите коишто се однесуваат на статиката на објектот.

Градинката е проектирана на две нивоа, со вкупно шест занимални, дистрибутивна кујна, две заеднички, таканаречени дневни соби поврзани со тобоган. Тоа ќе биде отворен тип на градинка со можност за поширока комуникација меѓу децата и за поттикнување на нивната креативност. Во игралиштето ќе има рингишпил, јажиња и ѕидови за качување и тактилна патека.

Кочани е една од првите општини во државата каде што се гради нови детска градинка со грант од Проект финансиран од Светска Банка, со кој се подобрува пристапот до услугите за згрижување и воспитание на деца.

PIC_3588

PIC_3548

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари