На 20.05.2020 во 00.20 часот на ул.„ВМРО“ во Кочани, поради непостапување според здраствените прописи за време на епидемија – ограничено движење, полициски службеници ги лишиле од слобода М.А.(36), С.С.(46) и С.Ф.(43), сите од Кочани.

Притоа, при преглед на С.Ф. биле пронајдени и одземени една

празна рамка од пиштол, два куршуми 7,62мм и еден куршум 9мм за пиштол.

По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗВОР: Дневни билтени СВР Штип

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари