Почитувани сограѓани,

Ова се мерки за нова, развојна македонска економија, преку кои ќе ја зголемиме потрошувачката и ќе стимулираме заштита, промоција и раст на домашната економска понуда. Со новата развојна економија ќе ја зголемиме и нашата конкуретност, и во регионот и пошироко.

Овие мерки ќе придонесат за:

– Поттиккнување на приватната потрошувачка на граѓаните

– Интервентно активирање на домашниот туризам

Овој пакет мерки ги опфаќа:

Граѓаните: невработените лица, социјално ранливите категории, младите (средношколци, студенти и млади до 29 години), домаќинствата со ниски примања, погодените сектори од кризата, домашните компании (производствени, прехрамбени и други капацитети), извозните услужната дејност и туризмот.

Вкупниот влог во новата развојна македонска економија, трите пакети мерки изнесуваат 550 милиони евра или 5 до 5.5% од БДП и со нив ќе бидат опфатени 730.000 корисници.

а) Платежна картичка за граѓаните – по 150 евра за македонски производи и услуги

Оваа мерка е достапна за сите невработени лица, баратели на работа кои немаат над 15.000 месечни приходи според Управата за јавни приходи, како и примателите на гарантирана минимална помош.

Со оваа мерка се зајакнува домашната потрошувачка со фокус на домашни производи и услуги, се зголемуваат безготовинските плаќања и со тоа се намалува сивата економија.

Но пред се се, се зголемува куповната моќ на граѓаните и со тоа се олеснува животот во услови на криза.

Со оваа мерка се опфтeни околу 100 илјади граѓани, а платежна картичка може да се користи само за домашни компании, производи и услуги и во определен период од 30 дена. Вредноста на оваа мерка е 16 милиони евра.

б) Ваучер за домашен туризам од 100 евра и домашна платежна картичка од 50 евра Граѓаните ќе можат да се одморат и да летуваат дома, а со тоа ќе го зајакнеме домашниот туризам.

Со оваа мерка се опфатени сите вработени граѓани што примаат плата помала од 15.000 нето месечно и немаат други приходи во 2018 година, според УЈП.

Оваа мерка опфаќа околку 100 илјади граѓани а вредноста е 16 милиони евра.

в) Парична поддршка за студентите и средношколците од 100 евра и платежна домашна картичка од 50 евра

Силна поддршка за младите, за да продолжи образовниот процес непречено и за да се обезбеди куповната моќ, како придонес кон студентскиот и средношколскиот стандард.

Со оваа мерка се таргетираат 100 илјади корисници, нашите млади сограѓани, а вредноста на мерката е 9 милиони евра.

Мерката опфаќа ваучери од најмногу 100 евра за покривање на партиципација во Универзитет како и сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци. Мерката вклучува и платежна картичка за студенти и средношколци, во вредност од 50 евра за домашни производи и услуги.

г) Ваучери за кофинансирање на обуки, тренизни и курсеви за ИТ и дигитални вештини

Преку покривање на трошоците за тренинзи и обуки, ги подржуваме младите да стекнат знаења и ИТ вештини кои ќе им овозможат брзо вработување во новата развојна економија.

Оваа мерка ќе опфати од 7.000 – 10.000 млади до 29 години, во вредност од 3 милиони евра.

Ефектите од овој нов пакет економски мерки се на сите нивоa, ќе ги осетат сите граѓани и многу ресори во економијата. Ние сме социјална држава и солидарно општество и затоа во мерките може да се пронајде секој – зашто секој треба и секој ќе добие поддршка.

Со почит,

Марија Ангелова

Секретар на ОО СДСМ Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари